четврток, 18. октомври 2018. Вести денес: 115
home Кошарка

Џејмс: Бостон е една од најдобро водените екипи

Џејмс: Бостон е една од најдобро водените екипи

Кливленд и Бостон играат во финалето на Источната конференција, а пред стартот на натпреварувачката серија најдобриот кошаркар на Кавалирс, Леброн Џејмс, не штедеше комплименти за тренерот на Селтикс, Бред Стивенс.

– Бостон е една од најдобро водените екипи во НБА. Знаете што мислам за Бред Стивенс, неколку пати досега сум ја истакнал неговата способност од играчите да го извлече најдоброто… Без разлика кој е на терен, Стивенс успева да ги стави играчите на вистинската позиција, истакна Џејмс.

Кливленд влегува како фаворит во финалната серија, особено што Селтикс се ослабени бидејќи нема да настапат повредените Кајри Ирвинг и Гордон Хејворд.

– И покрај тоа, тие имаат и други играчи кои се исклучително добри. Тие знаат да играат кошарка, а Стивенс ги насочува кон успех, потенцира Џејмс.

Првиот натпревар од финалната серија меѓу Кливленд и Бостон се игра утре.