среда, 14. април 2021. Вести денес: 173
home Кошарка

Џејлен Сагс со звукот на сирената донесе финале на Гонзага (ВИДЕО)

Џејлен Сагс со звукот на сирената донесе финале на Гонзага (ВИДЕО)

Екипите на Универзитетите Гонзага и на Бејлор ќе се борат за титулата во американската НЦАА-лига, откако беа подобри во синоќешните полуфинални преметки со УКЛА 93-90 односно Хјустон 78-59.

Долго ќе се прераскажува начинот на кој поранешниот тим на легендарниопт Џон Стоктон дојде до можност да се бори за трофејот, со оглед што победата беше обезбедена со тројка во последната секунда и тоа од – половина терен. Јунак во таборот на Гонзага беше Џејлен Сагс.

Гонзага е првиот тим по Индијана Стејт на Лери Бирд во 1979 година, кој до големото НЦАА-финале стигнал без ниту еден пораз. Големото финале помеѓу Бејлор и Гонзага ќе се одигра во ноќта помеѓу вторник и среда во 3.30 часот по средноевропско време .

Коронавирус