недела, 16. мај 2021. Вести денес: 0
home Кошарка

Две македонски селекции на кошаркарски турнир во Турција

Две македонски селекции на кошаркарски турнир во Турција

Репрезентациите составени од кошаркари до 14 и до 15 години ќе учествуваат на силен турнир кој на почетокот на месец јуни ќе се одржи во Измир, Турција.

На турнирот ќе учествуваат репрезентации и клубови од Шпанија, Литванија, Турција и од Србија во соодветните возрасни категории.

Турнирот ќе се игра од 9 до 12 јуни.

– Со овој турнир ќе се обележи и стартот на едно богато лето исполнето со репрезентативни активности на младинските национални селекции, велат од МКФ.

За националната селекција до 15 години овој турнир ќе биде трет за оваа календарска година. Репрезентативците веќе учествуваа на два турнира во месец јануари, во Србија и во Турција.

Коронавирус