недела, 27. септември 2020. Вести денес: 30
home Кошарка

Душмански фаул на Морис врз Лука Дончиќ, дури и мирниот Словенец тргна да се пресмета (ВИДЕО)

Душмански фаул на Морис врз Лука Дончиќ, дури и мирниот Словенец тргна да се пресмета (ВИДЕО)

Маркус Морис очигледно има нешто против Лука Дончиќ, кошаркарот на ЛА Клиперс вечерва грубо стартуваше и за малку не дојде до физичка пресметка помеѓу двајцата.

ЛА Клиперс или поточно Маркус Морис продолжува со валканата игра и неспортските обиди да се сопре Лука Дончиќ.

Ако на претходниот дуел намерно го нагазна по повредениот зглоб, Маркус Морис вечерва стартуваше грубо врз Словенецот.

На Лука Дончиќ очигледно му е преку глава од однесувањето на противникот, па тргна да се тепа. Сепак, веднаш беше спречен од Марјановиќ а притрчаа и луѓето од клупата, па не дојде до физичка пресметка.

За грубиот старт, Маркус Морис беше исклучен и испратен во соблекувална на ладење.

Коронавирус