понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 60
home Кошарка

Дурант се искачи на 28. место по број на поени во историјата на НБА

Дурант се искачи на 28. место по број на поени во историјата на НБА

Кошаркарот на Бруклин, Кевин Дурент постигна 34 поени ноќеска на дуелот со Денвер (122:116) и се искачи од 31. на 28. место во ефикасност во историјата на НБА лигата.

Сега на сметка на Дурант има 23.179 поени. Тој ги престигна Елгин Бејлор (23.149), Двејн Вејд (23.165) и Адријан Дантли (23.177).

Следен којшто го „брка“ Дурант е Роберт Периш (23.334) кој е 27-ми на вечната листа.

Лидер по број на поени во НБА е Карим Абдул-Џабар со 38 387 поени. Најблиску до него од активните кошаркари е Леброн Џејмс (3. место, 34.531).

Коронавирус