петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 160
home Кошарка

Дурант сака да игра во Европа, еве за кој тим би се преселил преку океанот

Дурант сака да игра во Европа, еве за кој тим би се преселил преку океанот

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата Кевин Дурант посакува еден ден да заигра во Европа. Тоа е негова желба на крајот на кариерата, а откри и за која екипа би сакал да потпише.

„Би сакал да играм преку океанот кон крајот на кариерата, но во Барселона. Евролигата е втора најдобра лига во светот, натпреварите таму се забавни. Не знам дали ќе го направам тоа, но мислам дека би било убаво искуство“ , вели членот на „мрежичките“.

Од оваа сезона, 31-годишникот е дел од екипата на Бруклин Нетс. Но, поради тешката повреда во минатогодишното НБА финале, тој ќе биде надвор од терените цела сезона.

Деби во новиот дрес се очекува наредната година, кога заедно со Кајри Ирвинг ќе се обиде да донесе историска титула за франшизата.