недела, 9. август 2020. Вести денес: 0
home Кошарка

Дрејмонд Грин: Лејкерси се фаворити затоа што го имаат Леброн

Дрејмонд Грин: Лејкерси се фаворити затоа што го имаат Леброн

За прв пат по седум години, крилниот напаѓач на Голден Стејт Вориорс, Дрејмонд Грин нема да учествува во последната фаза од сезоната во НБА – плеј-офот.

Сепак, 30-годишниот кошаркар го истакна својот фаворит за трофејот. Според Дрејмонд, тимот на Л.А. Клиперс бил главниот осомничен за титулата оваа сезона, но по паузата неговото мислење се сменило во корист на Л.А. Лејкерс.

– Мислам дека Лејкерс се фаворити затоа што го имаат Леброн Џејмс. Тој може да се прилагоди на секоја ситуација. И мислам дека тој е веројатно најдисциплиниран играч што некогаш сме го виделе во НБА лигата. Тоа ќе биде важно во Орландо. Леброн во вашиот тим ви дава мала предност во тековната ситуација, рече Дрејмонд за „ЕСПН“. (МИА)

Коронавирус