сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 38
home Кошарка

Драмата на „Кале“ во корист на Феникс 2010

Драмата на „Кале“ во корист на Феникс 2010

Кошаркарскиот клуб Феникс 2010 е вториот финалист на меморијалниот турнир „Анте Дуковски“ во Скопје откако во драматична завршница избраниците на Дервишевиќ славеа над Куманово со 62-63.

Херојот на младиот тим е Куртис Џоунс кој со поени од поле на две секунди пред крајот на мечот донесе огромна победа за својот тим.

Во последните минути следеше игра „кош за кош“ која ја прекина Феникс со агресивна одбрана, а на спротивната страна тимот од Маџари успеа да направи и вишок во нападот за превземање на водството (56-57).

Феникс имаше шанса и за зголемување на предноста, но „виолетово-жолтите“ не успеаја да реализираат во следните три напади.

Тоа го искористи Куманово кој ја врати преднсота преку слободните фрлања, а до крајот следеше нова игра „кош за кош“ во која победникот беше одлучен на две секунди пред крајот на мечот со поени на Џоунс.

Коронавирус