вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 67
home Кошарка

Дончиќ со уникатно достигнување во НБА

Дончиќ со уникатно достигнување во НБА

Кошаркарот на Далас Маваерикс, Лука Дончиќ ноќеска имаше уште еден одличен настап. Тој во триумфот над Сакраменто со резултат 127:123 оствари трипл-дабл со 25 поени, 15 скокови и 17 асистенции.

Словенецот стана најмладиот играч во историјата на НБА лигата со остварување 20-15-15.

Исто така, 17 асистенции се најдобриот резултат во кариерата за Дончиќ.

Минатата година Дончиќ беше прогласен за најдобар дебитант на лигата.