петок, 13. декември 2019. Вести денес: 131
home Кошарка

Дончиќ со само една реченица ја крена Словенија на нозе

Дончиќ со само една реченица ја крена Словенија на нозе

Првата словенечка кошаркарска ѕвезда, Лука Дончиќ потврди дека ќе игра за својата селекција во квалификациите за следните Летни олимписки игри во Токио.

Оваа информација асот на Далас ја потврди во интервју за шпански „АС“, велејќи дека е подготвен да се врати во словенечкиот дрес.

„Да, да. Ќе играм и се надевам дека ќе обезбедиме место во квалификациите“, рече Дончиќ.

Фантастичниот плеј по освојувањето на Евробаскетот пред една година, не играше во квалификациите за Мундобаскетот, на кои неговата Словенија не успеа да обезбеди место за учество во Кина.