четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Кошарка

Дончиќ со луда тројка во пад донесе драматична победа за Далас, Филаделфија го доби дербито на Истокот (ВИДЕО)

Дончиќ со луда тројка во пад донесе драматична победа за Далас, Филаделфија го доби дербито на Истокот (ВИДЕО)

Лука Дончиќ е херојот на денот во НБА лигата, а причината за тоа е неговиот чудесен кош за победа на пресметката против Мемфис Гризлис.

На семафорот останаа уште 1.8 секунди до крајот, Дончиќ ја прифати топката и успеа некако во пад да погоди тројка за славје на Далас од 114-113. Словенецот на овој начин ја комплетираше одличната партија од 29 поени, 5 скокови и 9 асистенции, но во исто време не треба да се заборави придонесот на Порзингис кој во ова славје уфрли 21 поен со 6 скокови.

Кај домаќините пак најпрецизен беше Ален со 23 кошеви.

Филаделфија 76 пак го доби дербито на Истокот против Бруклин Нетс со 123-117. Нетс настапија без неколку важни играчи, ама тоа не ја намалува победата на избраниците на Риверс кои подобар, поквалитетен ривал во Велс Фарго Центарот.

Ембид имаше дабл-дабл од 39 поени и 13 скокови, Херис додаде 26 кошеви, Симонс 17, па сега Нетс се на првото место во источната конференција. Залудни на спротивната страна беа 37 кошеви на плејмејкерот Ирвинг.

Резултати:

Минесота-Милвоки 105-130
Шарлот – Кливленд 90:103
Филаделфија – Бруклин 123:117
Торонто – Сан Антонио 117:112
Чикаго – Орландо 106:115
Детроит – ЛА Клиперс 98:100
Њу Орлеанс – Њујорк 106:116
Хјустон – Индијана 124:132
Оклахома – Голден стејт 109:147
Мемфис – Далас 113:114
Денвер – Мајами 123:106
Сакраменто – Вашингтон 111:123

Коронавирус