Лука Дончиќ со Далас утринава загубија на гостувањето кај шампионот Голден Стејт. Словенецот имаше мала непријатност во третиот период од натпреварот кога случајно падна врз едно детенце, кое седеше под кошот.
Дончиќ беше фаулиран при еден скок и не можеше да го исконтролира телото и падна врз детенцето.
За среќа малиот навивач мина без никакви повреди, а Дончиќ како извинување по натпреварот му го подари својот дрес, секако со автограм.