понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 1
home Кошарка

Дончиќ постави нов рекорд

Дончиќ постави нов рекорд

Неверојатното претставување на Лука Дончиќ во неговата деби година во НБА едноставно нема крај. Словенецот стана првиот тинејџер во историјата на Лигата, кој ја поминува границата од 1.100 поени во дебитантската сезона уште пред паузата за Натпреварот на ѕвездите.

Деветнаесет годишниот бек постигна 28 поени во победата на Далас со 102:101 над Портланд и веќе има 1.101 поен во првите 53 натпревари во најдобрата светска лига. Просечните индикатори досега се 20.8 поени, 7.0 скока, 5.5 асистенции, 1.1 одземени топки и 0,3 блока за 32.1 минути на дуел.

Ако продолжи во исто темпо, Дончиќ сигурно ќе се нареди до единствените четворица кошаркари кои запишувале барем по 20 поени, 5 скока и 5 асистенции по натпревар во деби сезоната. Досега ова го постигнале Оскар Робертсон (1960/1961), Мајкл Џордан (1984/1985), Леброн Џејмс (2003/2004) и Тајрик Еванс (2009/2010).