четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 36
home Кошарка

Дончиќ не го интересира наградата МВП

Дончиќ не го интересира наградата МВП

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ, призна дека не е премногу заинтересиран за наградата МВП.

Најверојатно, 22-годишниот кошаркар ќе стане еден од главните кандидати во сезоната 2021/22, за наградата која се доделува на најкорисниот кошаркар.

– Тоа не ме засега. Фокусиран сум да го освојам шампионатот заедно со моите соиграчи, рече Дончиќ.

Во својата трета сезона во НБА, Дончиќ имаше просек од 27,7 поени, 8,0 скока и 8,6 асистенции по натпревар и беше еден од најдобрите играчи.

Локални избори 2021