четврток, 6. август 2020. Вести денес: 75
home Кошарка

Дончиќ има шанса да подобри рекорд на Меџик Џонсон

Дончиќ има шанса да подобри рекорд на Меџик Џонсон

Плејмејкерот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, ја заслужи можноста да руши легендарни рекорди во својата втора сезона во НБА. 21-годишниот Словенец има шанса да стане најмладиот кошаркар (21 година и 168 дена на крајот на регуларната сезона), кој ја предводи НБА-лигата по број на „трипл-дабл“ за една сезона, со што ќе скрши речиси 40-годишен рекорд на Меџик Џонсон за сезоната 1980/81, според статистичките податоци на „Елиас спортс биро“.

Дончиќ во моментов е лидер на „трипл-дабл“ со 14, но внимателно го следат sвездата на Лејкерс Леброн Џејмс со 13 и лидерот на Денвер, Никола Јокиќ со 12.

Вечерва од 03:00 часот словенечката сензација и неговиот тим Далас Маверикс излегуваат за првиот од вкупно осум преостанати натпревари од регуларната сезона против Џејмс Харден и Хјустон.

Пред прекинување на сезоната, Дончиќ во просек имаше 28,7 поени, 9,3 скока и 8,7 асистенции. (МИА)

Коронавирус