недела, 26. септември 2021. Вести денес: 101
home Кошарка

Дончиќ и Словенците веќе се во медал зоната: Лесно декласирана Германија

Дончиќ и Словенците веќе се во медал зоната: Лесно декласирана Германија

Лука Дончиќ и словенечката репрезентација веќе се во медал зоната на Олимписките игри. Во првото четвртфинале на кошаркаркарскиот турнир во Токио, европскиот првак ја декласира Германија со 94-70 и остана непоразен на големиот собир. Сега словенечката селекција е на чекор до медал, бидејќи потребна ѝ е само една победа во следните два натпревар за одличје.

Момците на Секулиќ доминираа од самиот старт, уште во првиот квартал дојдоа до двоцифрена предност и не ја испуштија до самиот крај. Импресивна е статистиката на Дончиќ, кој има 16-0 во дресот на националната селекција.

Тандемот Драгиќ – Дончиќ пак доминираше и постигна 27 и 20 поени, а поддршка имаше од Американецот со словенечки пасот Тоуби со 13 поени. Ло со 11 и Гифи со 10 поени се истакнаа во германскиот табор.

Противник на словенечката селекција во полуфиналето ќе биде поуспешниот од натпреварот Франција – Италија.

Коронавирус