понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 14
home Кошарка

Дончиќ го престигна Џордан, па се извини: Бев многу себичен…

Дончиќ го престигна Џордан, па се извини: Бев многу себичен…

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ го престигна легендарниот Мајкл Џордан на вечната листа на кошаркари со најмногу трипл-дабл во НБА-лигата.

Дончиќ во поразот постигна 36 поени, 16 скокови и 15 асистенции, од кои дури 30 поени беа во првата полувреме, по што во вториот дел не играше воопшто добро.

„Второто полувреме беше ужасно. Тоа е моја грешка. Бев себичен затоа што во првиот дел имав 30 поени. Тоа не бев јас во второто полувреме. Морам да бидам подобар од тоа. Земав некои шутеви кои не смеев. Едноставно мора да најдам начин и да бидам подобар“, кажа Дончиќ.

Дончиќ сезонава во просек во НБА постигнува по 28,3 поени, 10,2 скокови и 9,4 асистенции.

Коронавирус