петок, 3. декември 2021. Вести денес: 0
home Кошарка

Дончиќ го предводеше Далас до победа во тексашкото дерби со Хјустон, Јокиќ се повреди (ВИДЕО)

Дончиќ го предводеше Далас до победа во тексашкото дерби со Хјустон, Јокиќ се повреди (ВИДЕО)

Далас со 116-106 го победи Хјустон во дербито на Тексас, Никола Јокиќ заработи повреда во мечот кој Денвер со 122-110 го загуби од Јута.

Далас на крилјата на Лука Дончиќ дојде до триумф над ривалот Хјустон, Словенцот имаше свое шоу, беше најдобар на теренот, но имаше и неколку атрактивни потези со кои предизвика овации во публиката.

Дончиќ мечот го заврши со 26 поени и 14 скокови, Хардавеј и Було постигнаа по 16 поени, најдобар кај Хјустон беше Гордон со 22 поени.

Никола Јокиќ поради повреда на коленото предвреме го заврши мечот на Денвер во Јута, одигра само 15 минути и за тој краток период беше најефикасен на мечот.

Јокиќ постигна 24 поени, втор стрелец во тимот на Денвер беше Бартон со 21, најдобри кај Јута беа Гобер со 23 поени и 16 скокови и Мичел со 22 поени.

Првите информамции за повредата на Јокиќ се дека таа не е сериозна и тој наскоро ќе се врати на теренот..

Резултати:

Њујорк – Филаделфија 112:99
Оклахома – Голден стејт 98:106
Далас – Хјустон 116:106
Сан Антонио – ЛА Лејкерс 121:125
Јута – Денвер 122:110

Коронавирус