четврток, 29. јули 2021. Вести денес: 61
home Кошарка

Димитрис Итудис го продолжи договорот со ЦСКА Москва

Димитрис Итудис го продолжи договорот со ЦСКА Москва

Рускиот кошаркарски тим, ЦСКА Москва го продолжи договорот со тренерот Димитрис Итудис.

Грчкиот стратег го продолжи договорот со оваа екипа до летото 2023 година. Итудис на клупата на ЦСКА Москва е од 2014 година, што е тренер со најголем стаж во модерната историја на клубот.

Итудис откако е на кормилото на ЦСКА по пет пати ги освојуваше рускиот шампионат и регионалната ВТБ лига, два пати беше шампион на Евролигата и два пати беше избиран за најдобар тренер во Европа.

Коронавирус