сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 80
home Кошарка

Димитар Мираковски заминува од Работнички

Димитар Мираковски заминува од Работнички

Димитар Мираковски според неофицијални информации ја напушта тренерската позиција во кошаркарскиот клуб Работнички.

Неговиот договор со најтрофејниот македонски кошаркарски колектив истече со завршувањето на сезоната, односно елиминацијата во полуфиналето од плеј-офот, а раководството не планира да му понуди нов.

Мираковски го презеде Работнички веднаш по завршувањето на играчката кариера. Откако првата сезона беше прекината поради пандемијата со корона вирусот, втората под водство на Мираковски беше дочекана со исклучително високи амбиции, како на домашна сцена, така и во АБА 2 лигата.

Сепак, тимот од Градски парк не успеа да се пласира во плеј-офот од регионалното натпреварување, а дома не освои ниеден од двата трофеја и покрај големиот број засилувања и звучни имиња во составот. Во финалето од Купот загуби од МЗТ Скопје, а во плеј-офот беше елиминиран од Еуро Никел во полуфиналето .

Коронавирус