петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 112
home Кошарка

Дербито на Израел прекинато, пола сала плаче и скандира Коби Брајант (ВИДЕО)

Дербито на Израел прекинато, пола сала плаче и скандира Коби Брајант (ВИДЕО)

Целиот свет силно го потресе трагедијата во која загина големата НБА-легенда Коби Брајант, после синоќешната хеликоптерска несреќа во Калифорнија, па дербито во Израел помеѓу Макаби Тел Авив и Хапоел на момент беше прекинато откако беа соопштени ужасните вести дека „црната Мамба“ го загубила животот во 41-та година.

Израелците во преполната сала не можеа да поверуваат на вестите кои им беа соопштени, па половина сала почна да плаче, а потоа со громогласен аплауз и со скандирање на името на Коби Брајант му одадоа почит на еден од најголемите кошаркари на сите времиња.

Меѓу најпотресените по веста беше бившиот НБА кошаркар Амаре Стадмаер, играчот на Макаби, кој не можеше да верува дека навистина Брајант загинал.

„Не знам што да кажам – не верувам! Делува неверојатно. Не сакам да верувам дека тоа е вистина“, рекол Стадмаер.

 

Коронавирус