вторник, 17. мај 2022. Вести денес: 0
home Кошарка

Деневер го декласира ЛА Лејкерс, Јокиќ главен во триумфот

Деневер го декласира ЛА Лејкерс, Јокиќ главен во триумфот

Денвер Нагетс, во кој немаше многу првотимци поради повреди и болест, одигра фантастично и му одржа лекција на еден од најдобрите тимови на светот ЛА Лејкерс со 133-96.

Најзаслужен за тоа беше српскиот интернационалец, Никола Јокиќ, со уште еден трипл-дабл учинок од 17 поени, 12 скока и 13 асистенции.

До двојниот учинок во три статистички категории дојде по само 20 минути поминати на паркетот, со што влезе меѓу десетте најбрзи во историјата на НБА.

Најпрецизен во неговиот тим, пак, беше дебитантот Хајленд со 27 поени 10 скока. Грин со 26 и Леброн Џејмс со 25 поени беа најпрецизни кај „езерџиите“.

Далас – Орландо 108-92, Денвер – ЛА Лејкерс 133-96, Сан Антонио – ЛА Клиперс 101-94, Бостон – Чикаго 114-112, Оклахома – Кливленд 102-107, Мајами – Филаделфија 98-108, Бруклин – Њу Орлеанс 120-105, Атланта – Њујорк 108-117, Вашингтон – Портланд 110-115, Милвоки – Торонто 96-103.

 

Коронавирус