сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Кошарка

Де Коло и Весели остануваат во Фенербахче

Де Коло и Весели остануваат во Фенербахче

Нандо Де Коло и Јан Весели ќе останат во турскиот кошаркарски великан Фенербахче, објави инсајдерот Никос Варлас.

Според изворот, овие двајца кошаркари нема да го напуштат турскиот тим, и покрај гласините за нивно заминување.

Исто така, се известува дека иднината на уште еден лидер на Фенербахче, Костас Слукас, сè уште е под знак прашалник.

Претходно се дозна дека турскиот клуб го намали буџетот. Тимот веќе го напуштија тренерот Желимир Обрадовиќ и играчот Луиџи Датоме. (MИА)

Коронавирус