сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 57
home Кошарка

Дарушафака го освои Еврокупот

Дарушафака го освои Еврокупот

Екипата на Дарушафака од Истанбул е победник во Еврокупот за сезоната 2017/18. Турскиот претставник до трофејот стигна по 2-0 во победи во финалната серија со Локомотив.

Ова е прв трофеј за Дарушафака во второто по квалитет клупско кошаркарско првенство во Европа.

Конечниот резултат на синоќешниот дуел е 67:59, а предводник до победата на турската екипа беше Скот Вилбекин со 28 постигнати поени.

На тој начин Дарушафака го искористи „брејкот“ од Краснодар, Русија и освои трофеј за првпат по 1962 година кога стана шампион на Турција.

Според пропозициите, победникот во Еврокупот следната сезона обезбедува место во елитната Евролига.