четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 93
home Кошарка

Дамјан Стојановски : Немаме многу избор, ќе се обидеме да се пласираме

Дамјан Стојановски : Немаме многу избор, ќе се обидеме да се пласираме
Машката македонска кошаркарска репрезентација утринава отпатува за Перм, Русија каде ќе го одигра последниот круг од квалификациите за пласман на ЕП .
Со утринскиот чартер лет од Скопје, нашата експедиција во Перм треба да пристигне во вечерните часови по локално време. Во наредните два дена селекторот Тодоров ќе може да ги направи последните подготовки со тимот во кој утринава се приклучија интернационалците од Шпанија, Димитриевиќ и Ѓуроски.
„Да, одлична вест е дека сите повикани кошаркари се појавија на повикот, работевме заедно од првиот па се до последниот тренинг во Скопје, и се надевам дека сите ќе бидеме здрави, и дека одиме во Русија во полн состав. Четири натпревари во пет дена е многу напорно темпо. Но немаме многу голем избор. Токму поради тоа е добро што се јавија сите повикани играчи за секој да помогне за пласман на Европско првенство“,  изјави Дамјан Стојановски.
Првиот дуел, против Италија на програмата е во четврток по што ден подоцна следува средбата со Русија. По денот за одмор (сабота) во недела повторно ќе играме против Русите, а во понеделник е дуелот против Естонија директниот конкурент за пласман на Европскиот шампионат

ЕУРО 2020

Македонија