понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 66
home Кошарка

Далас предводен од Лука Дончиќ го победи ЛА Клиперс

Далас предводен од Лука Дончиќ го победи ЛА Клиперс

Стартуваше плеј-офот во најсилната кошаркарска лига. Далас Маверикс го изненади Лос Анџелес Клиперс и славеше на гости со 113:103, во првиот меч од серијата подобар до четири победи.

Уште на стартот Далас покажа дека е дојден да победи, па имаше и двоцифрено водство од 22:10. Клиперс во втората четвртина ја анулира негативата и на кратко успеа дури и да поведе, но на полувреме повторно гостите беа во позитива од пет поени (60:55). Лука Дончиќ блескаше за Далас и едноставно беше незадржлив па во првото полувреме даде 21 поени.

Дончиќ беше херојот на Далас и имаше трипл-дабл со 31 поени, 10 скока и 11 асистенции. Тоа е втор плејоф трипл-дабл на Лука и стана првиот играч кој е помлад од 22 години што има трипл-дабл со 30+ поени. На оваа возраст тоа само по еднаш им успеало на Леброн Џејмс и Карим Абдул-Џабар.

Во останатите два меча одиграни ноќеска, Бруклин на свој терен го победи Бостон со 104:93, додека Портланд на гости го изненади Денвер и славеше со 123:109.

Локални избори 2021