недела, 16. декември 2018. Вести денес: 86
home Кошарка

Црвена Ѕвезда може да го напушти финалето во АБА лигата

Црвена Ѕвезда може да го напушти финалето во АБА лигата

Претседателот на Црвена ѕвезда, Небојша Човиќ најави можност белграѓани да не го играат четвртиот натпревар од АБА финалето со Будуќност.

– Најверојатно нема да излеземе на четвртиот натпревар од финалната серија со Будуќност. Не го тврдам ова со 100%, но постојката гоплеми шанси за такво нешто, изјави Човиќ.

Неговата изјава е реакција на незадоволството на „црвено-белите“ од судењето во финалето од регионалната лига.

Претходно, Човиќ обвини за заговор против Црвена ѕвезда со цел да биде симната од тронот.

Будуќност води со 2-1 во серијата прв до три победи.

Четвртиот дуел е закажан за вечер во Подгорица со почеток во 21 часот.

МИА