среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Кошарка

Чистка во МЗТ Скопје, ќе „летаат“ странците

Чистка во МЗТ Скопје, ќе „летаат“ странците

Екипата на МЗТ Скопје во моментов е прва на табелата во домашното првенство, а второпласирана во АБА2-лигата, но тоа како да не ги задоволува апетитите на челните луѓе на клубот, кои тринеделната пауза поради репрезентативниот прозорец на ФИБА ќе го искористат за промени во тимот и тоа во делот на странските засилувања.

Во Аеродром не се задоволни од дел од игрите на дел од интернационалците кои го носат сино-белиот дрес, поради што најавуваат прекин на соработката со дел од нив и носење на нивни замени кои, се надеваат, ќе имаат подобар учинок на паркетот. Во сино-белиот дрес во моментот настапуваат Американците Џабари Хиндс и Ерон Харис, Србите Ѓорѓе Милошевиќ и Бојан Радуловиќ, Хрватот Марин Морнар и Турчинот Рагип Атар.

„Не е тајна дека не сме задоволни од учинокот на дел од странските засилувања и во следниот период дефинитивно ќе направиме претумбации во тој дел. Активни сме на пазарот барајќи поквалитетни дополнувања, иако немаме премногу време, бидејќи преодниот рок во АБА завршува в сабота. Промени сигурно ќе има, но на кои позиции и место кои интернационалци, дополнително ќе биде решено“, вели извршниот директор на МЗТ Скопје Аеродром, Тони Грнчаров.

Најзагрозени во таборот на актуелниот македонски шампион, неофицијално, се Морнар, Радуловиќ и Харис, но останува да се види какво ќе биде решението на луѓето од клубот од „Јане Сандански“ и во делот на заминувањата и во делот на пополнувањата на празнините кои ќе бидат во тимот.