вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 60
home Кошарка

Четвртиот “балон” за АБА 2 одложен за февруари

Четвртиот “балон” за АБА 2 одложен за февруари

Втората АБА лига пронајде начин да ги избегне проблемите со коронавирусот, па лигашкиот дел од натпреварувањето го одржува во „балони“.

Четвртиот собир на кој екипите на МЗТ Скопје и Пелистер требаше да заиграат на крајот на јануари, сепак е одложен за февруари.

„Балонот“ кој ќе се одржи во Бања Лука, а на него ќе се одиграат натпреварите од осмото, деветтото и десеттото коло во АБА2 лигата ќе се одржи од 7 до 13 февруари.

Оваа одлука дојде по сугестијата на епидемиолозите и надлежните органи, со цел да се избегне ширење на коронавирусот.

МЗТ Скопје на четвртиот АБА2 собир ќе се сретне со Сутјеска, Подгорица и Војводина, додека Пелистер го чекаат дуело со Земун, Рогашка и Подгорица.

По досегашните седум кола во вториот ранг на јадранската кошарка МЗТ Скопје котира одлично и има шест победи и пораз на второто место, додека пелистерци имаат една победа и шест порази.

Коронавирус