недела, 27. септември 2020. Вести денес: 108
home Кошарка

Четврта последователна победа за Њу Орлеанс

Четврта последователна победа за Њу Орлеанс

Кошаркарите на Њу Орлеанс пеликанс го остварија четвртиот триумф по ред во НБА лигата, откако ноќеска беа поуспешни од Хјустон рокетс со 127:112.

За Пеликанс ова беше 11 победа наспроти 23 порази во досегашниот дел од сезоната, додека Хјустон го запиша 11-от пораз во 33 натпревари.

Резултати на другите натпревари од НБА лигата одиграни ноќта меѓу недела и понеделник:
Торонто – Оклахома 97:98
Денвер – Сакраменто 120:115
Мемфис – Шарлот 117:104
ЛА лејкерс – Далас 108:95.
Во Западната конференција води Лос Анџелес лејкерс со 26-7 (победи-порази), пред Денвер со 23-9 и Лос Анџелес клиперс со 23-11.

На Исток прв е Милвоки со 29-5, пред Мајами со 24-8 и Бостон со 22-8.

Коронавирус