петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 160
home Кошарка

Будуќност го суспендираше македонскиот репрезентативец

Будуќност го суспендираше македонскиот репрезентативец

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Џејкоб Вајли, е суспендиран од црногорскиот клуб Будуќност, а како што велат од тимот, причина за отсуството на тренинг била семеен проблем.

  • Агентот на играчот го извести клубот дека причината за заминувањето на Вајли е решавање на личен проблем. Клубот го суспендираше Американецот и јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошните чекори, истакнаа од тимот на Будуќност.

Сето ова се случува неколку дена по настапот на Вајли за Македонија во квалификациите за Светското првенство во 2023 година.

Коронавирус