среда, 30. септември 2020. Вести денес: 0
home Кошарка

Бостон ја забележа осмата последователна победа во НБА (видео)

Бостон ја забележа осмата последователна победа во НБА (видео)

Бостон Селтикс ја освои осмата последователна победа откако го совлада тимот на Атланта Хокс дома со 129:108. Кајри Ирвинг постигна 24 поени во три четвртини 5 асистенции, 5 скока и 4 блокади.

Тој постигна 12 поени само во првиот дел, а неговиот тим благодарение на нив поведе со 23:5. Две минути пред да заврши третиот период, Бостон веќе ја помина границата од 100 поени.

Џејсон Тејтум постигна 22 поени за Бостон, додека Маркус Морис со 20 и Гордон Хејворд со 19 помогнаа во убедливиот триумф на тимот.

Со овој успех, Бостон веќе има 18 победи и 10 порази и се наоѓа на второто место во Атлантската дивизија. Атланта е на претпоследно место во целата Источна конференција.

Резултати од НБА:

Бостон – Атланта 129:108
Шарлот – Њујорк 124:126 (по продолжение)
Бруклин – Вашингтон 125:118
Кливленд – Милвоки 102:114
Филаделфија – Индијана 101:113
Мемфис – Мајами 97:100
Денвер – Оклахома Сити 109:98
Портланд – Торонто 128:122
Сакраменто – Голден Стејт 125:130

Коронавирус