недела, 19. септември 2021. Вести денес: 87
home Кошарка

БОМБА во најава – Стеф Кари и Леброн Џејмс заедно?

БОМБА во најава – Стеф Кари и Леброн Џејмс заедно?

Еден од најдобрите шутери на сите времиња, Стеф Кари, ќе го напушти Голден стејт и ќе се пресели во Лос Анџелес Лејкерс јавуваат медиумите во САД.

Приказните започнаа по Ол-стар викендот, а за целата приказна јавно говореа легендарните НБА кошаркари – Кендрик Перкинс и Пол Пирс. Уште поголем фактор е тоа што на Кари му истекува договорот со „воините“ следната година, а тоа ќе се обидат да го искористат „езерџиите“ и да создадат неверојатен тандем – Стеф Кари и Леброн Џејмс.

Леброн на последниот меч за Лејкерс против Минесота, кој го добија „езерџиите“ со 137:121, запиша нов трипл-дабл со 25 поени, 12 скокови и исто толку асистенции. Ова е 99. ваков учинок за најдобриот кошаркар на денешницата, а пред него се само четворица кои успеале да запишат троцифрен број на трипл-дабл во кариерата. Оваа листа ја предводи Оскар Робертсон со 181, втор е Расел Вестбрук со 157, трет е Меџик Џонсон со 138 и четвртото место му припаѓа на Џејсон Кид со 107.

 

Коронавирус