петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 107
home Кошарка

Богдановиќ има повеќе тројки од седум репрезентации на СП

Богдановиќ има повеќе тројки од седум репрезентации на СП

Србија не успеа да го исполни големиот сон, да се искачи на тронот на Светското првенство во Кина. На крајот оваа репрезентација заврши на петото место, но остана без селектор. Александар Ѓорѓевиќ потврди дека е време за разделба, неговиот договор завршуваше токму по Мундијалот.

Сепак оваа земја има кандидат за најдобрата петорка на првенството. Богдан Богдановиќ одигра одлично, но тоа не беше доволно за поголемо остварување.

Кошаркарот на Србија погододи 35 тројки од 66 обиди. Тој има повеќе тројки од седум репрезентации кои беа дел од Мундобаскетот. Доминиканска Република имаше 33, Јордан 32, Сенегал 30, Јапонија 27, Кина 27, Порторико 25 и Литванија која има 23.

Богдановиќ се изедначи со Ангола која има вкупно 35 тројки, а на СП го заврши со просек со 22,9 поени, 4,4 скока и 4,1 асистенција.