четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 3
home Кошарка

Бобан Стајиќ останува во Пелистер и наредните две сезони

Бобан Стајиќ останува во Пелистер и наредните две сезони

Македонскиот кошаркар Бобан Стајиќ денеска го обнови договорот со екипата на Пелистер и тоа за следните две години.

Тој беше еден од најдобрите во зелено-белиот табор минатата сезона, во која пелистерци беа најдобри во регуларниот дел од сезоната, но испаднаа во полуфиналето од плејофот, како и во четвртфиналето од Купот на Македонија.

Искусниот плејмејкер на 22 средби одиграни сезонава просечно реализираше 11,5 поени, 2,7 скока и 5,7 асистенции.

ЕУРО 2020

Македонија