недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 90
home Кошарка

Бивша НБА ѕвезда избегна брутална смрт – неговиот автомобил целосно уништен (ФОТО)

Бивша НБА ѕвезда избегна брутална смрт – неговиот автомобил целосно уништен (ФОТО)

Понекогаш не сме ни свесни колку е мала границата од животот до смртта, а само еден момент може да донесе непосакувани нешта. Ова најдобро може да се опише со последната ситуација која му се случи на поранешниот НБА играч, Мајк Хол.

Хол за малку ќе загинеше во сообраќајна несреќа откако неговиот автомобил беше целосно уништен по судар со камион.

Поранешен играч на Вашингтон Визардс излегол од автомобилот, што се воспоставило како вистински потег за да си го зачува животот, бидејќи на неговото возило налетал камион и целосно го распарчил.

Не требаше да бидам жив. Некој ме удри синоќа веднаш штом излегов од автомобилот за да проверам што се случува. Налета камион, ако останев само една секунда под автомобилот – ќе настрадав. Би сакал да им кажам на сите луѓе да уживаат во животот затоа што сме сведоци дека тој може да заврши во еден момент. Бев во две пукотници, во авион кој мораше принудно да слета и сега ова. Кога ќе дојде време да умрам, ќе биде нешто навистина глупаво – како што е задушеност, напиша Хол на својот Твитер-профил.

Коронавирус