петок, 3. јули 2020. Вести денес: 230
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Кошарка

Бикерстаф повеќе не е тренер на Мемфис

Бикерстаф повеќе не е тренер на Мемфис

Џеј Би Бикерстаф е разрешен од тренерското место во Мемфис, објавено е на официјалниот сајт на НБ-лигата.

Бикерстаф дојде во Мемфис по отпуштањето на Дејвид Фицдејл во ноември 2017 година.

Оваа сезона Мемфис лигашкиот дел го заврши на 12. место на Западната конференција и не успеа да влезе во плејофот. Тоа беше пресудно менаџментот на клубот да се одлучи за разделба со тренерот.

Четириесет годишниот Бикерстаф во Мемфис го имаше првото искуство како главен тренер. Претходно работеше како асистент во Хјустон, Минесота и Шарлот. (МИА)

Парламентарни избори 2020