четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 121
home Кошарка

Белград домаќин на завршниот турнир во кошаркарската Евролига

Белград домаќин на завршниот турнир во кошаркарската Евролига

Белград од денеска до сабота ќе биде домаќин на завршниот турнир во кошаркарската Евролига.

Првото полуфинале денеска ќе го игра актуелниот шампион Ефес против Олимпијакос од 18 часот. Ова претставува 45. средба за двата тимови, чиј исход е 22:22.

Од 21 часот ќе се соочат Реал-Барселона. Во регуларниот дел од сезоната Барселона ги доби двата натпревари, во декември дома (93:80), а потоа во февруари во Мадрид (86:68).

Победниците ќе играат за титула во сабота, а турнирот се одржува во „Штарк Арена“.

Коронавирус