четврток, 12. мај 2022. Вести денес: 63
Во живо

Мицкоски во посета на Радовиш

home Кошарка

Белград домаќин на Ф4 на кошаркарската Евролига

Белград домаќин на Ф4 на кошаркарската Евролига
Фајнал фор  турнирот во кошарка на Евролигата, кој требаше да се оддржи во Берлин од 27 до 29 мај ќе биде преместен во Белград, објавуваат српските медиуми.
Според информациите заменикот градоначалник на Белград, Горан Весиќ на состанок со Евролигата минатата недела се договорил да дојде до оваа замена, откако во Германија има голем број на позитивни случаи на КОВИД-19 и нема да може да има присуство на публика. Белград им гарантира дека ќе има фанови, но само со потврда за вакцинација.

Претседателот на Евролигата, Жорди Бартомеу пристигнува во Белград следната недела на конечни преговори.

Белград веќе беше домаќин на Ф4 во 2018 година, кога Реал Мадрид ја крена титулата.

Коронавирус