петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 127
home Кошарка

Батлер одмораше само 48 секунди против Лејкерси, едвај имаше сили да се движи по мечот (ВИДЕО)

Батлер одмораше само 48 секунди против Лејкерси, едвај имаше сили да се движи по мечот (ВИДЕО)

Џими Батлер херојски одигра во петтиот натпревар од финалната серија на НБА со Лејкерси. Предводникот на Мајами постигна 35 поени, имаше 12 скока и 11 асистенции, ја „остави душата“ на теренот каде го мина скоро целото време, а статистиката вели дека одморил само 48 секунди!

Целосно „исцеден“, тој се појави пред новинарите, скршен, во бавно движење, „ранет“ од тешката битка со играчите на Лејкерс …

– Ја оставив целата енергија на натпреварот заедно со моите момци. Вака ќе мора да играме од сега додека не заврши серијата – рече Батлер пред едвај да стане од столот, и да отиде на заслужената пауза во грч – до недела и новата битка за тронот во НБА.

Коронавирус