понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 95
home Кошарка

Батлер одби да го продолжи договорот со Минесота

Батлер одби да го продолжи договорот со Минесота

Кошаркарот на Минесота Тимбервулвс, Џими Батлер ги одби понудените 100 милиони долари за продолжување на договорот со НБА лигашот.

Батлер ќе чека да му истече актуелниот договор идната година и ќе се надева на повисока понуда.

Слично нешто стори и пред три години кога од Чикаго одби 44 милиони долари, за по една година да добие понуда од 90 милиони.

– Батлер ризикува. Може да се случи да има лоша сезона, или некоја повреда. Сепак се надеваме дека ќе биде се во најдобар ред. Кога тимот игра добро и други ѕвезди сакаат да дојдат кај нас, изјави Глен Тејлор, сопственикт на Минесота.

28-годишниот Батлер кој одби 100 милиони долари за нова четиригодишна соработка со „волците“ минатата сезона ја заврши со 22,2 поени, 5,3 скока и 4,9 асистенции во просек  по натпревар.

Коронавирус