петок, 7. мај 2021. Вести денес: 165
home Кошарка

Барселона го растури Зенит и си обезбеди Ф4 во Келн

Барселона го растури Зенит и си обезбеди Ф4 во Келн

Кошаркарската секција на Барселона е последниот патник на фајналфор турнирот во кошаркарската Евролига откако каталонскиот гигант го растури Зенит во решавачкиот натпревар со 79-53. Каталонците  доминираа од почеток до крај на натпреварот, не дозволувајќи сензација на оваа „мајсторка“.

Најефикасни на мечот беа Хигинс со 15 и Калатес со 12 поени. Кај Зенит единствен со двоцифрен ефект беше Појтрес со 11 постигнати поени.

Барселона во полуфиналето од Ф4 турнирот во Келн ќе се сретне со Милано, додека во втората полуфинална пресметка ќе играат ЦСКА Москва и Анадолу Ефес.

Коронавирус