вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 87
home Кошарка

Баркли со совршена „финта“ го надмудри Шекил О‘Нил (ВИДЕО)

Баркли со совршена „финта“ го надмудри Шекил О‘Нил (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар Чарлс Баркли, кој моментно работи како аналитичар на натпреварите во НБА лигата и ги коментира сите возбудувања, доби специјален предизвик од стручниот коментатор и негов колега во „ТНТ“, Шекил О‘Нил, да се обиде да даде кош преку него.

На времето многумина не ни можеа да помислат на такво „лудило“ со оглед на големината на Шек, но Баркли успеа мудро да му „продаде“ финта и лесно го доби предизвикот.

Инаку, сите оние што подолго време ја следат НБА лигата, добро знаат кој е Чарлс Баркли и каква трага остави со своите партии и настапи низ годините играјќи за Филаделфија 76, Феникс Санс и Хјустон Рокетс. Од друга страна, Шекил своевремено важеше за еден од најдобрите центри во историјата, а освои и четири НБА титули.

Сега, двајцата со години ја водат својата емисија поврзана со најквалитетната кошаркарска лига, која воедно е една од најгледаните во САД.

Коронавирус