понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 60
home Кошарка

Бајиќ: Мора да им давам шанса на помладите, ако не сега – кога?

Бајиќ: Мора да им давам шанса на помладите, ако не сега – кога?

По натпреварот, селекторот на мапката кошаркарска репрезентација Драган Бајиќ изјави дека резултатот не му е во прв план на овој натпревар, туку дел од добрата игра на нашите кошаркари и борбата која ја прикажале.

„Честитки до Шпанија за заслужената победа и благодарност за публиката која дојде во голем број да ни даде поддршка. Што се однесува до мечот, донекаде сум задоволен од првото полувреме, но она кое го најавив пред мечот, знаејќи го квалитетот на Шпанците, тоа се покажа како точно, посебно во второто полувреме. Кажав дека не смееме да брзаме и да ја губиме главата против вакви репрезентации, а кога и да го правевме тоа, си дозволивме луксуз да губиме топки и противникот да дојде до лесни поени. Шпанија во вториот дел играше агресивно, имавме ние проблеми во организаијата и нападот и преносот во топката, тоа е таа сила на шпанската репрезентација и на нивната лига. Во овој меч на крајот не е важен резултатот, туку дека овие момци кои ги тренирам покажаа доза на борбеност и карактер. Но, некои работи и недостастоци не можеме да ги поправиме, посебно во вака краток период. Мора да извлечеме поуки од овој меч и да учиме, не само за овие квалификациски мечеви за СП, туку и за ЕП.„Кажав за Симиќ и претходно на пресот, ако сакаме да го имаме, мора сега да му дадеме шанса. Ако сега не добие шанса, нема кога. Можеби за некоја година тој ќе биде во голем тим во НБА. Добро е што одигра ваков натпревар. Мора да им даваме шанса на помладите и тоа не само на Симиќ туку и на сите други помлади играчи“ , изјави Бајиќ.

Коронавирус