сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Кошарка

Бајиќ: Добивме група која не изгледа атрактивна, но не е ни лесна

Бајиќ: Добивме група која не изгледа атрактивна, но не е ни лесна

Селекторот на нашиот сениорски национален тим, Драган Бајиќ, присуствуваше на церемонијалот на одредување на квалификациските групи по кој Македонија за противници ги доби националните репрезентации на Шпанија Грузија и Украина,.

„Добивме група која не изгледа како атрактивна, но не е ниту лесна. Но, мојата тренерска филозофија вели дека повеќе сакам противниците да размислуваат за нас, отколку ние за нив. Така е и овојпат. Во разговорите со колегите кои се тука во Женева, дознав дека се вложува многу. И во Грузија, и особено во Украина, тоа се сериозни селекции, за шпанската не сакам да дискутирам. Но во мојот реченик не постои зборот предавање“, вели Србинот.

Селекторот смета дека овие најмалку шест натпревари се всушност продолжение на планираните активности откако дојде на кормилото на нашиот сениорски национален тим.

„Јасна е визијата, сакаме низ овие натпревари да им дадеме уште поголем прилика на помладите. Верувајте во секој прозорец тоа ќе биде и видливо. Овие мечеви би биле само континутитет на реализација на плановите. Искрено се надевам дека во наредниот циклус ќе ги имаме на располагање и играчите кои не беа во можност да бидат дел од селекцијата, што не бепе слушај овој месец. И сите заедно да уживаме и да напредуваме низ овие квалификациски натпревари. Се надевам дека зад нас ќе останат проблемите со короната, дека ќе се врати оној стар систем на натпреварување,Не би одел така далеку со прогнозите. Имаме простор пред нас кој треба да го искористиме, пред се, да се екипираме. Одиме чекор по чекор „балон“ по „балон“. Да им посветиме уште поголемо внимание на помладите репрезентативци. И некоја наша цел во иднина да биде пласман на Евробаскетот. Дојдовме до шанса да играме на едно повисоко нивно, на нас ќе биде да ја искористиме и да напредуваме. Нема никаков натпреварувачки притисок пред нас. Сакам да бидеме компактни, и со секој одигран натпревар во квалификациите да бидеме подобри и подобри. Но во исто време и да го продолжиме процесот на подмладување. Во секој „прозорец“ да имаме по некое ‘ново име’, тоа треба да биде водич низ квалификациите“, додава Бајиќ.

 

Коронавирус