четврток, 15. ноември 2018. Вести денес: 13
home Кошарка

Баду победник на 3х3 турнирот во Гевгелија

Баду победник на 3х3 турнирот во Гевгелија

Екипата на Баду е победник на третиот 3х3 баскет турнир за сениори што викендот се одржа во Гевгелија.

Баду во финалето ја победи екипата на Кантина со 22:16.

Победничкиот тим (Виктор Серафимовски, Петар Петровски, Живко Манасиевски и Ивица Глигоровски) заработи и награда во висина од 1.500 евра.

На првиот турнир, во „Skopje City Mall“ триумфира Кантина, додека на вториот одржан во Охрид најуспешни беа баскетџиите на Сараево.