петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 132
home Кошарка

Баделки дојдоа до првиот триумф во регионалната ВАБА лига

Баделки дојдоа до првиот триумф во регионалната ВАБА лига

Кошаркарките на Бадел испишаа историја за македонската женска кошарка во регионалната ВАБА лига, откако вечерва успеаја да стигнат до прва победа во ова натпреварување.

„Баделки“  по двата стартни порази славеа голем триумф на гостувањето во Босна и Херцеговина, со што ја остварија првата победа за еден македонски тим во сениорска конкуренција на Јадранската лига.
Македонскиот вицешампион беше подобар од Бановичи со 57:70 и направи огромен скок на првенствената табела, на која од последното, сега се искачи на третото место.
Најефикасна беше Ивана Кметовска со 24 реализирани поени, следена од Александра Стојановска со 18 поени, односно Цветанка Димовска со 16 поени.

Коронавирус