вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 114
home Кошарка

„Ау, брате, што правиш“, НБА кошаркар воодушевен од Дончиќ

„Ау, брате, што правиш“, НБА кошаркар воодушевен од Дончиќ

Лука Дончиќ на фантастичен начин дебитираше на Олимписките игри, во победата на неговата Словенија од 118:100 над Аргентина, фанстастичниот кошаркар постигна дури 48 поени.

Очекувано по натпреварот, речиси сите кошаркари и новинари беа импресионирани од страшната партија на Дончиќ, а една од реакциите кој најдобро отсликуваат што правеше Словенецот на теренот беше таа на кошаркарот на Атланта хоукс, Богдан Богдановиќ.

„Ау, брате, што правиш“, кратко напиша Богдановиќ.

Социјалните мрежи беа полни со пофалби за неверојатната претстава на Дончиќ ја споредија со игрите на Мајкл Џордан, аргентинскиот селектор призна дека Лука ги уништи, а на крајот не беше заборавена ниту статистиката.

Имено, Лука Дончиќ во првиот натпревар на ОИ во Токио постигна повеќе поени отколку што дадоа НБА ѕвездите Кевин Дурент, Демиен Лилард, Зак Лавин и Џру Холидеј заедно.

Коронавирус