понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 91
home Кошарка

Атланта направи брејк на теренот на Филаделфија

Атланта направи брејк на теренот на Филаделфија

Кошаркарите на Атланта  одлично ја отворија полуфиналната серија на Источната Конференција и поведоа со 1-0 против Филаделфија 76ерс, откако на гостински терен славеа со 128-124.

Натпреварот во „Велс Фарго Центар“ го одбележа големата борба, многуте поени и драмата до завршните секунди.

Најкорисен играч на теренот беше Џоел Ембид од Филаделфија со 39 поени и девет скокови, додека Треј Јанг со „дабл-дабл“ од 35 поени и десет асистенции ја водеше Атланта, а му помогнаа Богдановиќ и Колинс со по 21 поен.

ЕУРО 2020

Македонија