понеделник, 17. јануари 2022. Вести денес: 0
home Кошарка

Анадолу Ефес е првиот финалист во кошаркарската Евролига

Анадолу Ефес е првиот финалист во кошаркарската Евролига

Турски Анадолу Ефес е првиот финалист во кошаркарската Евролига откако со 89-86 ја совлада ЦСКА Москва на завршниот турнир што се одржува во Келн.

Турскиот тим доминираше во текот на речиси цел натпревар. Уште во првиот период дојде до двоцифрена предност, што постојано ја одржуваше. На полувремето беше 49-37, а во третиот период водството на Ефес стигна и до највисоки +21.

Во последната четвртина, Русите се разиграа од 81-69, дојда на негатива од од само три поени. Во последните моменти од средбата дојдоа и до поен негатива или 87-86. Клајбурн шутираше за тројка во последните секунди од натпреварот, но не погоди, па топката заврши кај Ларкин, кој веднаш беше фаулиран. Турскиот тим на крајот славеше со 89-86.

Василије Мициќ со 25 поени беше најефикасен кај Анадолу Ефес и уште еднаш покажа дека не случајно ја доби МВП наградата во регуларниот дел од сезоната.

Вил Клајбурн со 26 поени најмногу се истакна кај ЦСКА.

Коронавирус